More

    Мистериозна најава од генералниот секретар на НАТО

    spot_img

    Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг предупреди дека западната воена алијанса треба да биде подготвена за лоши вести од украинскиот фронт бидејќи Киев продолжува да се брани од сеопфатна руска инвазија.

    – Војните се развиваат во фази. Мораме да ја поддржиме Украина во добри и лоши времиња – рече Столтенберг во интервју за германската телевизија АРД.

    Столтенберг воедно, упати и предупредување, без да ги појасни деталите.

    – Треба да бидеме подготвени и за лоши вести – додаде Столтенберг, но не беше поконкретен.

    Неговите коментари доаѓаат додека западните сојузници дебатираат за муниција и финансиска помош за Украина и додека Москва го зголемува бројот на своите војници на украинскиот фронт. Во петокот рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за зголемување на бројот на војници за околу 170.000, на вкупно 1,3 милиони.

    Борбените линии малку се поместуваа во последниве месеци и покрај контраофанзивата на Киев во текот на летото. Но, Украинците користеа крстосувачки ракети за да ја потиснат руската флота во Црното Море и да нанесат штета длабоко во руската територија.

    – Ова се големи победи иако не успеаја да ја поместат линијата на фронтот – рече Столтенберг во интервјуто.

    Столтенберг ги повика членките на НАТО да го зголемат производството на муниција, жалејќи се на фрагментираната состојба на европската одбранбена индустрија.

    -Не можеме да соработуваме толку колку што би требало – рече генералниот секретар на НАТО, повикувајќи ги владите да гледаат надвор од нивните национални интереси и да ја согледаат пошироката слика.

    – Победата на Путин не само што би била трагедија за Украина, туку и опасност за другите сојузници. Колку повеќе ја поддржуваме Украина, толку побрзо ќе заврши војната – посочи Столтенберг.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img