„УЧК не е „ништо“ за Албанците – таа е симбол на жртвување за еднаквост, правда и достоинство. За Албанците, УЧК претставува борба за поправедно општество и за изградба на држава каде што секој граѓанин ќе биде еднаков. Секој обид за негирање на оваа историска вистина е чин на дискриминација што ги продлабочува меѓуетничките поделби и сериозно ја нарушува општествената хармонија. Овој селективен и лицемерен пристап е неприфатлив. Да се величаат комитите, а да се омаловажува УЧК, е доказ за двојните стандарди и недостатокот на искреност од оваа влада.
Како може да градиме заедничко општество кога една министерка за образование, наместо да промовира вредности на еднаквост и меѓусебна почит, зборува со исклучувачки и навредлив јазик за еден дел од граѓаните на оваа земја? Дали ова е начинот на кој оваа влада има намера да промовира соживот и да гради заедничка иднина за сите“, прашуваат од партијата на Али Ахмети.
Демократската унија за интеграција бара министерката веднаш да ја повлече навредливата изјава и да се извини јавно.