Милиони луѓе останаа без Инстаграм во понеделникот поради голема техничка грешка што изненади многумина, вклучително и порака дека нивните сметки се суспендирани.
Додека милиони луѓе се подготвуваа да споделат фотографии од нивните костими за Ноќта на вештерките на Инстаграм, многумина едноставно не можеа да се логираат, а други ја добија пораката „Ја суспендиравме вашата сметка на 31 октомври 2022 година“.
„Како ќе споделам фотографија од моето куче во костим, ако Инстаграм не е во функција“, праша еден корисник на Твитер, додека многумина се пожалија на лошата шега што се случи во еден од најважните денови во годината за селфи.
Свесни сме дека некои од вас имаат проблеми со пристапот до вашиот Инстаграм профил“, потврди социјалната мрежа на Твитер. „Го решаваме проблемот и се извинуваме за непријатностите.
Пораката за суспензијата од мрежата предизвика збунетост кај многу корисници, кои на други мрежи како Твитер прашаа дали нивната сметка е навистина заклучена или се работи за привремена грешка.
Многу од засегнатите се загрижени дека оваа неоснована суспензија може да доведе до драстичен пад на следбениците.
Технолошкиот медиум The Verge објави дека профилот на Инстаграм на португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо наводно изгубил три милиони следбеници за краток временски период.