Денес на големиот христијански празник Свети Никола или Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски СОС БАЛКАН МЕДИА Охрид ,поддржано од партнерите ,опшествено одговорните комапании „СН Финансиско друштво ДОО“-Битола и „СН Финансиско друштво ДОО“-Битола,и туристичката агенција “ЈК Травел ДОО“-Битола со взаемна соработка со Општина Охрид, успеаве да ги израдуваме најмладите дечина со попреченост.
Традиционално на 19-ти декември , Здружение за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиуите – СОС БАЛКАН МЕДИА Охрид ,на големиот христијаснки празник Свети Никола или Свети Николај Чудотворец,секоја година организира хуманитарни акции.
Оваа година во соработка со опшествено одговорните комапании „СН Финансиско друштво ДОО“-Битола и туристичката агенција „ЈК Травел ДОО“ – Битола,а со взаемна соработка со Општина Охрид подариве новогодишни пакетчина на дечината во :
Центар за Аутизам во охридска болница.
Центар за лица со попреченост „Мојот Свет“ во Охрид
Центар за лица со попреченост ЗРАЦИ во Охрид
Ученици со телесен хендикеп во Општина Дебарца
-Традиционално веќе 10 години СОС БАЛКАН МЕДИА ја посетува Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо во Охрид ,каде со новогодишни пакетчина се обидуваме да ги израдуваме најмладите ,кој на овој ден се навоѓаат во оваа реномирана здравстена установа.
СОС БАЛКАН МЕДИА Охрид изразува голема благодарност за големата подршка која години наназад ја даваат,како наши партнери опшествено одговорните компании СН Финансиско друштво ДОО“-Битола и туристичката агенција „ЈК Травел ДОО“ – Битола и за што одаваме посебно признание на сопствениците Никола Јошевски и Горан Јошевски.
СОС БАЛКАН МЕДИА Охрид изразува благодарност и до Општина Охрид ,до градоначалникот Кирил Пецаков,секретарот Александар Китески и раководителот на секторот за образование и социјална политика Димитар Спасески, кој лица внесоа ренесанса во работата со невладиниот сектор, посебно со поставување на акцент за поголема грижа во развојот на децата со телесна попреченост,за што даваме голема благодарност за нивната поддршка која ја даваат на невладиниот сектор.
Продолжуваме
СОС БАЛКАН МЕДИА