„Тој кретен никогаш не ме советуваше за ништо“, напиша Илон Маск за обвинувањето дека покојниот Џефри Епштајн, познат сексуален престапник го советувал да пристапи кон банката Џеј Пи Морган Чејс каде неговата компанија Тесла имаше сметка, но потоа ја раскина, пишува Ројтерс.
Судот во САД го прогласи дека Маск нема никаков престап во врска со случајот, сега суд од Девствените острови, каде на островот Мал Свети Џејмс се наоѓа вилата во која наводно Џефри Епштајн ги носел своите жртви, го кани милијардерот да им ги обезбеди сите преписки кои ги имал со банката и со Епштајн. Тука спаѓаат и документите за платени такси, односно даноци. Се шпекулираше дека Епштајн го советувал Маск што да прави откако Маск се скарал со банката.
Епштајн се самоуби во 2019 година во затворска ќелија на Менхетен додека чекаше судење за обвиненијата за сексуална трговија. Неговото нерасчистено самоубиство покрена многу сомненија за врските на Епштајн со познати лица од американската елита, меѓу кои и Бил Клинтон, Доналд Трамп и Бил Гејтс, но и сомненија за тоа дали Епштајн навистина изврши самоубиство или некој намести тој да биде убиен во затворот. Неговата пријателка, Гислајн Максвел, беше осудена дека од 1994 до 2004 година му помагала на Епштајн да наоѓа тинејџерки кои ги принудувале на комерцијален секс.
Зошто Маск ја раскинал соработката со банката Џеј Пи Морган Чејс? Милијардерот во јануари сведочеше дека односите со банката се влошиле кога банката не ја поддржала новата линија за лизинг на автомобили на Тесла.
Потоа, тој твитнал дека „обезбедил финансирање“ за Тесла, твит кој предизвика пад на акциите. Акционерите го тужеа Маск за отштета, но поротата во судот утврди дека тој не е виновен. Истовремено, банката Џеј Пи Морган Чејс ја тужеше Тесла за 162 милиони долари поради обезбеденото финансирање“, а Тесла пак, лани ја тужеше банката дека бара неочекувани пари.