Манолева, Мајнова, Игор Бимбил гробари на охридското здравство-Дел 1-ви

Saso
By Saso 9 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Партиски неподобен доктор Горан Балев кој сред пандемија две години ја менаџираше охридската општа болница,од една страна, од друга страна попотреба партиски подобен доктор без ниту една хируршка интервенција Др Асен Шаин , тоа е новото лице на СДСМ, но што е позадината на разрешувањето на Др Горан Балевски и кога започнува и кој ја започнува хајката против успешните во Охрид?!

Др. Константин Георгиески сосптвеник на ПЗУ „Дарон“ Охрид -да ги нема Балев и Ѓоко?!

Кога посветено ќе работиш и ќе се грузиш за здравјето на народот, кога самиот народ со пиетет ќе говори за некој лекари, тогаш онаа макеоднско проклетсво вокано завист, излегува на површина со сите свои маани!

Се започнува на ден 29.0302020 година ,кога во охридската болница ,кога по наредба на тогашната директорка Славица Малеска Стојадиновиќ беше забранет прием на пациенти во инфективното одделение, при што почина пациентка од село Горно татеши-Струга. Тогашниот министер за здравство Венко Филипче експресно ја разреши директорката Славица Малеска Стојадиновиќ , но Филипче бараше и соодветен лекарски кадар кој од една страна преставува врв во својата професија и од друга страна барајќи личност кој ќе успее да се справи со анархизмот во охридската болница и кој ќе успее да ја изменаџира пандемијата со ковид 19 во охридската болница , која беше назначена како регионална ковид болница.

Од страна на поранешниот министер Др Венко Филипче беа повикани на разговор повеќе лекари, со кој беше разговарано за состојбата во охридската болница,каде меѓучовечките односи во болницата беа до таа мера влошени исто како и самата екононска слика на болницата ,која во тој момент со долг од над 3.000.000 евра беше најзадолжена болница во Македонија.Смрта на 66 годишната шителка на Село Татеши која настана како резултат од безредието во охридската болница ,беше само мал сегмент од анархијата на партиската глупост во здравството во Охрид.

Филипче со замолница до Др Балевски да прифати да ја изменаџира кризата во охридската болница.

Од како поранешниот министер за здарвство Венко Филипче изврши пероснален скрининг на охридската болница,како најадекватно решение за прв човек на охридската болница пронајде во ликот и делата на Др Горан Балевски ,тогаш началник на Уролошко одделение во охридската болница.на замолница на Филипче ,балевски прифајќа да ја менаџира болницата , но и тогаш со укажување од страна на Балевски , дека него не го интересираат како лекар професионалец политички партии и дека прифајќа да биде прв човек на болницата исклучиво како Лекар-професионалец и лично поради венко Филипче како докажан лекар и како прв министер кој мислел на лекаритеи лице кој ров вовел радикални промени во здарвството.

Тогашното раководство на ОО СДСМ предводено од Лазе Танески ваквата одлука на министерот Филипче да се назначи Др Горан Балевски за прв човек на Охридската болница го поставиле пред кадровата комисија на ОО СДСМ Охрид.Од сите членови на кадровата комисија на ОО СДСМ Охрид ,ваквиот предлог на Венко Филипче бил прифатен, но свое незадовослтво на ваквата одлука на Филипч и на кадровата комисија на ОО СДСМ гласно и бурно реагирал поранешниот Градоначалник на Охрид Константин Георгиески.Георгиевски се спротиставил на ваквата одлука , со образлоѓение дека Др Балевски не бил член на СДСМ и Георгиевски бил со став дека Славица Малеска Стојадиновиќ и покрај грешката која ја напрвила ,требало да остане на чело на Охридската болница,а веќе до колку се менува директорката , тогаш на нејзино место да се псотави партиска личност,со која тој како градоначалник ќе може да соработува,а и тогаш укажал дека лицето Асен Шајн завршил специјализација и можел тој да се постави за директор или неговиот другар од хируршкото одделение др.Арнаудов Димитар.

Венко Филипче добро ги знаел квалитетите на Асен Шајн , кој патем и благодарение на Филипче ја добил спезијализацијата за уво нос и грло,па така Филипче одлучил Др.Горан Балевски да го постави з апрв човек на Охридската болница.

- Advertisement -
Ad image

Балевски успешно ја изменаџира ковид кризата,ама не плајќал партиска чланарина?!

Др Горан Балевски з асамо 3 дена успеа да го реорганизира целокупното работење на охридската болница,веднаш оформи кризен шатб на болницата во кој штаб беа еминнетни лекарски имина . Веднаш се воведоа 48 часовни дежурства и се издаде наредба дека ниту едно одделение во охридската болница не смее да врати пациент без разлика од кој град истит доваѓа.Балевски издаде и наредба и до хируршките одделение да продолжат со хируршките закажани операции врз пациенти со примена на „воена состојба“ во болницата, поточно сите одделение да работат под максимална заштитна опрема и да продолжат со тековно работење во интерес на граѓаните.Балевски свесен дека болницата нема доволно основни средства за работа во болницата се обраќа до бизнси секторот,кој веднаш се одзива на барањето на Др Горан Балевски и охридаката болница буквално функционира по пат на донации.

Ниту еден вратен пациент во охридската болница, со 400 хируршки м операции годишно или над 1000 операции за две години во време на ковид криза Др Балевски постави нови стандарди во работењето на болниците не само во Охрид , туку и во Македонија.

- Advertisement -
Ad image

Но пред Балевски ,Филипче постави уште една голема задача, атоа беше Региноланиот вакцинален пункт во Охрид кој опслужуваше 6 Општини ,каде повторно ЈЗУ Општа Болница го превзема сиот медицински терет.50 вработени медицински сестри и лекари од охридската болница ,во две смени ,беа темелот на Регионалниот центар за вакцинации во Охрид ,каде успешно се имунизираа над 60.000 граѓани,а Охрид беше град со најголемо имунизирано население.

Се јавуваме од СДСМ ,треба да платите чланарина?!

Со доваѓањето на Наумче Јованкси -Чакар за прв чловек на ОО СДСМ Охрид ,кадар на Константин Георгиевски,започнува раздорот во здравствениот систем во Охрид.На наколку наврати Др Горан Балевски добива телефоснки повици за партиски состаноци во ОО СДСМ Охрид ,на кој состанок Балевски требало да добие напаствија од недоветниот Науме Јовански -Чакар како да работел со болницата, но и дека имал за плаќање Чланарина во СДСМ во месечен износ од 10% од неговиот месечен личен доход,зошто како директор бил назначен од СДСМ?! На ваквата глупсот од Јовански , Др Горан Балевски одговорил дека тој не е член на ниту една партија,дека тој не може да прима наредби од некој кој појма нема со медицина, а уште помалку да дава од неговата плата по 6000 денари месечно за некаква си чланарина за некаде каде што ниту е член ,а уште помалку сака да членува.

Тогашниот Грдаоначалник на Охрид Константин Георгиевски од централата во Скопје бара разрешување на Балевски од директор уште во 2021 година, со глупаво образложение дека идаат узбори и дека му биле потребни финасии,дека му требале лекари кој пред да ги прегледаат пациентите ќе разговарале за нивната политичка воља за престојните избори,а балевски им забранил на лекарите да тераат кампања во охридската болница.

И , тогаш Константин Георгиевски барал да се постави Асен Шајн за директор на охридската болница ,зошто преку него ќе се згоелмело партиското работење во болницата,а за лекување на пациентите имало и приватрни здравствени орединации во Охрид илимкако што милувал Константин да се произнесе-„Шо само болница, болница, еве нека дојдат кај мене во Дарон , таму ќе ги лечиме“…!!!??

Манолева,Мајнова,Игор Бимбил гробари на охридското здравство-Продолжува

С.Д.

Share This Article