More

    Малиот Рајан го извлекоа, но почина на пат кон болницата

    spot_img

    Стотици ожалостени се собраа денеска за да му оддадат последна почит на момчето од Мароко, кое почина во саботата по повеќедневните напори на неговите сограѓани да го извлечат од бунарот во кој случајно паднал.

    Петгодишниот Рајан Аврам во вторникот паднал во бунар во селото Игран. Спасувачите конечно успеаја да го извлечат неговото тело во саботата.

    Стотици сограѓани на Рајан се искачија на ридскиот, неасфалтиран пат до гробиштата Игран, каде што со часови го чекаа погребот за да ги извршат сите муслимански погребни обреди во спомен на малото момче.

    – Имам повеќе од 50 години и никогаш досега не сум видел толку многу луѓе на нечиј погреб. Рајан на сите ни беше како син – вели еден од селаните, пренесува Хина.

    Медиумите пишуваат дека имало толку многу ожалостени што не можеле сите да застанат во атарот на селските гробишта. Пред семејната куќа на Рајан беа подигнати два големи шатори во кои ожалостените им изразија сочувство на роднините.

    – Смртта на Рајан на некој начин ја врати вербата во човештвото бидејќи луѓето кои зборуваат различни јазици и од различни земји изразуваат солидарност и сочувство – рече друг локален жител.

    Во саботата, сочувство до родителите испратија и кралот Мохамед Шести, папата Франциск, францускиот претседател Емануел Макрон, владетелот на Дубаи, шеикот Мохамед Бин Рашид Ал Мактум и други достоинственици.

    Фудбалерите на Египет и Сенегал вчера одржаа едноминутно молчење пред почетокот на финалето на фудбалскиот турнир на Африканскиот куп на нации.

    Спасувачите работеа без престан со денови под постојана опасност од можен одрон, но за жал сите нивни напори да го извлечат детето живо на крајот беа неуспешни.

    – Многу сум тажен. Навистина не ги штедевме напорите да дојдеме до момчето и да го најдеме жив. Копавме 24 часа на ден во текот на сите пет дена и ќе продолжевме, ако требаше и со недели – изјави пред новинарите Али Сахрави, еден од волонтерите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img