Макрон не сакал да се тестира со руски ПЦР-тест

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Чудната голема овална маса долга четири метри која го делеше францускиот претседател Емануел Макрон од рускиот претседател Владимир Путин на нивната средба во Москва не била само случајност. Тие морале да бидат разделени бидејќи Макрон претходно одбил да се тестира за ковид-19 со руски тест, изјавија за Ројтерс два извори блиски до шефот на Франција.

– Не можевме да прифатиме тие, (Русите), да ја добија ДНК-та на (францускиот) претседател – изјави еден од изворите.

Друг извор од опкружувањето на Макрон потврди дека претседателот на Франција одбил да направи руски ПЦР тест, но дека тој наместо тоа направил француски ПЦР тест пред поаѓањето и антиген тест во Русија.

– Русите ни кажаа дека Путин треба да биде во строг здравствен балон – рекол изворот.

Кремљ не одговори на барањето на Ројтерс да ги коментира наводите.

„Гардијан“ потсетува дека во четвртокот, три дена по средбата на Макрон и Путин, рускиот лидер го прими казахстанскиот претседател Касим-Зјомарт Токаев, со кого се ракуваше, седеа блиску еден до друг, а беа разделени само со мала маса.

Share This Article
Leave a Comment

Leave a Reply