More

    Министерот за правда Тупанчески на средба со заменик претставникот на УНИЦЕФ во земјава

    spot_img
    Министерот за правда Никола Тупанчески се сретна со заменик претставникот на УНИЦЕФ во земјава, Артур Ајвазов, со кој разговараа за досегашната успешна соработка, како и за идните чекори и активности за подобрување на правата на децата. На средбата министерот за правда Тупанчески ја истакна цврстата определба за натамошно градење на системот за правда за децата востановен со Законот за правда за децата и создавање услови за остварување на целите на овој закон, односно давање предност на превентивните, заштитните и воспитните мерки, применување на лишување на дете од слобода само како последно средство во постапката, примена на модели на ресторативна правда и унапредување на системот на превенција на детско престапништво. Воедно, истакна дека во тек се и работни групи кои работат на подготовка на комплетно нов Кривичен законик и подготовка на измени и дополнувања на Законот за кривичната постапка.
    Исто така министерот за правда Тупанчески потсети дека се работи на нов Закон за правда на децата, со цел надоградување и остварување на најдобриот интерес на детето, како и зајакнување на механизмите за превенција на детското престапништво.
    Ајвазов изразил задоволство и благодарност до Министерството за правда што континуирано работи на заштитата на човековите права, особено на правата на детето. Тој ги пофали и заложбите на министерството за унапредување на правдата за децата, а особено го посочи големиот успех во примената на алтернативните санкции, воспитните наредби и мерките насочени кон зајакнување на одговорноста на малолетните сторители и нивна ресоцијализација во општеството.
    На крајот од средбата, министерот Тупанчески и заменик претставникот на УНИЦЕФ во земјава Ајвазов, се согласија дека има многу области во кои УНИЦЕФ и Министерството за правда можат да работат заедно и изразија уверување дека соработката ќе биде успешна во и иднина.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img