Министерството за внатрешни работи (МВР) се вклучува во кампањата „Помисли двапати“ (Think twise) на Меѓународната организација за криминалистичка полиција – Интерпол.
Кампањата е за зголемување на свесноста од растечките закани од сајбер или финансиски измами на луѓе, организации или институции. Ќе бидат емитувани серија кратки видеа кои се фокусираат на петте најголеми растечки онлајн закани: ransomware напади, malware напади, phishing, генеративни AI измами и романтичарски измами.
„Овие софистицирани измами се во голем подем во изминатите години. Ransomware нападите се со пораст од 70 отсто, а malware нападите над 30 отсто само во минатата година, а над 20 отсто од вработените воопшто и не знаат дека најверојатно на својот компјутер имаат некаков вид на malware софтвер. Во phishing нападите, кои постојано еволуираат и стануваат потешки за детектирање, криминалците ја искористуваат технологијата за своја добивка. На пример, користат вештачка интелигенција (AI) за да креираат ултра реалистични човечки карактери, притоа измамувајќи илјадници луѓе ширум светот преку манипулација на глас, слика и звук“, се вели во соопштението на МВР.
Романтичарскитете измами, како што се наведува, се исто така во подем. Во ваквите измани криминалците користат лажни онлајн профили за да создаваат врски и доверба, пред да побараат пари од жртвата.
Од МВР потенцираат дека „Помисли двапати“ повикува на будност во дигиталниот свет. Кампањата ја нагласува важноста да се застане, да се погледне двапати. Гп промовира значењето на носење на мудри одлуки и зголемувањето на свесноста за сабјер безбедноста во секојдневниот живот.
„Како што дигиталниот свет во којшто живееме продолжува да еволуира, гледаме дека онлајн измамите растат во својата софистицираност, со што стануваат големи закани за луѓето, организациите и институциите ширум светот. Сајбер безбедноста е заедничка одговорност и преку проактивни чекори, можеме да придонесеме кон градење на побезбеден, посигурен дигитален свет за сите“, потенцира генералниот секретар на Интерпол Валдеси Уркиза, соопшти МВР.
Двонеделната кампања за зголемување на свесноста од онлајн измами ќе се пласира преку социјалните мрежи. Кампањата ќе ги поттикне луѓето да користат лична (in-person) верификација и да ја проверуваат својата дигитална интеракција, посебно кога ќе наидат на сомнителни линкови или информации.
Целта е корисниците да почнат да прават информирани и внимателни онлајн чекори и со тоа да ги намалат ризиците поврзани со заканите како phishing, malware и онлајн измами.
„Чекори кои го намалуваат ризикот се: правење на внимателни и рационални избори, посебно при справувањето со несакани, непознати или сомнителни линкови, е-маил пораки или пораки; паузирање за да се евалуира автентичноста и кредибилноста на дигиталната содржина, пред да се преземе акција; проверка на идентитетите преку повеќе канали, внимателност при сите барања, дури и од „познати“ лица; имплементација на култура на сајбер безбедност на работното место и овозможување на знаења на овие теми за сите вработени; внимателност при формирање на онлајн пријателства и врски, посебно кога се споменуваат пари; постојано информирање за постојаното унапредување на тактиките на сајбер финансиските криминали кои ја прават нивната детекција многу потешка“, соопшти МВР.