More

    Македонскиот претседател и оддаде почит на кралицата Елизабета Втора

    spot_img

    Претседателот на државата Стево Пендаровски на својот Фејсбук профил сподели фотографија од потпишувањето во книгата на жалост во Лондон.

    „Со сопругата оддадовме почит на посмртните останки на Кралицата Елизабета Втора, пред утрешната погребна церемонија во Вестминстерската опатија. Голема почит за децениите во служба на народот и за тоа што беше пример за лидерство, скромност и великодушност. Нека почива во мир“ – напиша Пендаровски на својот Фејсбук-профил.

    Пендаровски во Лондон утре ќе присуствува на погребот на кралицата во Вестминстерската палата. Кралицата Елизабета втора почина на 96-годишна возраст на 8 септември. Таа беше монарх со најдолго владеење во британската историја и најстар шеф на држава во светот.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img