Од аеродромот во Тел Авив денеска треба да полета уште еден авион на српската компанија Ер Србија со кој ќе бидат евакуирани македонски и српски државјани.
На снимката што ја објави српскиот портал Ало.рс се гледа голема гужва на аеродромот на кој илјадници луѓе се обидуваат да го напуштат Израел по воениот конфликт што почна во саботата наутро.
Авионот со кој ќе бидат евакуирани српски и македонски државјани треба да полета од Тел Авив во 13 часот.