Македонски генерален конзул во Чикаго ќе биде синот на политичкиот аналитичар Алберт Муслиу, Петрит Муслиу

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Македонски генерален конзул во Чикаго ќе биде синот на политичкиот аналитичар Алберт Муслиу, Петрит Муслиу, откако на синоќешната затворена владина седница, ТВ-презентерката на вести, Бесмира Ејупи, била предложена за македонски генерален конзул во Њујорк, САД, објави порталот Зум.

Во наредниот период во консултации со Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, официјално ќе биде побаран агреман од земјата домаќин за новиот конзул.

Петрит Муслиу веќ недели веќе се наоѓа во Чикаго, а дипломатси извори за МКД.МК ја потврдиле информацијата дека токму Муслиу ќе биде назначен за конзул.

Инаку, ни Ејупи ни Муслиу не се кариерни дипломати, односно не се од Министерството за надворешни работи (МНР), што досега, освен исклучоци беше пракса.

Share This Article
Leave a Comment

Leave a Reply