Трамп го почнува претседателството со воведување на силни мерки

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во првиот ден од своето претседателство Доналд Трамп планира да потпише 25 укази и директиви и со тоа да направи значајни промени во државната политика на САД, јавија денеска дел од американските медуми.

Уште на првиот ден од своето владеење Трамп планира да даде раширени надлежности на вработените во имиграциската служба, обнова на изградбата на ѕидот на границата со Мексико и испраќање дополнителна воена сила на јужната граница. Сите овие напори се дел од изборните ветувања на Трамп.

Што се однесува до образованието, се предлагаат забрани за финансирање на училиштата каде се предава критичка теорија на расите, и каде има позитивна дискриминација, исто така ќе се укинуваат антидискриминациските мерки за трансполовите студенти. Овде се и обидите да се запре со традицијата добивање државјанство по право на раѓање во САД независно од имиграцискиот статус на родителите.

Ќе има мерки и за зголемување на производството на нафта и гас.

Работата на овие укази се координира со дамнешниот советник на Трамп, Стивен Милер, и низа аналитички центри вклучувајќи ги America First Policy Institute и фондацијата Херитиџ.

Актуелниот претседател Џо Бајден во првиот ден од своето претседателство во јануари 2021 година потпиша 17 укази од кои многу анулираа дејствија на указите на Трамп.

Share This Article