More

    Мајстор од Босна земал чекан во рака и им се осветил на газдите

    spot_img

    Незадоволни мајстори во Босна и Херцеговина му ја демолирале куќата на човекот кој ги ангажирал, затоа што тој не сакал да им го доплати тоа што им го должел.

    Имено, градежниот изведувач во Печиград кај Велика Кладуша во Босна и Херцеговина и неговиот тим ја завршиле работата на семејна куќа. Пред почетокот на работите, сопственикот на куќата дал капар за почеток на градба, но како што пишува порталот Црна-Хроника.инфо, а остатокот од парите не им го исплатил на мајсторите. Наводно се работело за долг од 600 евра.

    Мајсторот Мухамед К. решил да ги скрши прозорците на куќата бидејќи сопствениците не сакале да платат за нив. Сè е снимено.

    Како што пренесува Црна-Хроника, Мухамед во полиција бил пријавен од сопствениците на куќата, кои го привеле на информативен разговор, по што наводно му било кажано дека поради ова ќе заврши зад решетки.

    – Сѐ уште не ми ги вратија парите. Сега ме тужат. Морам да одам на суд, а ми се заканува затвор. Морам да ангажирам адвокат да ме брани. Целото реновирање на подот го направив на семејната куќа за нив. Не е фер тоа што ни го прават. Прво не плаќаат, па тужат, па морам да одам во затвор – вели Мухамед.

    Инаку, Мухамед е татко на три деца и семејството го издржува со пари од градежните работи.

    – Сакам да им се заблагодарам на моите пријатели, семејството, роднините, ви благодарам на сите за поддршката во врска со инцидентот. Не можам доволно да им се заблагодарам на сите. Посебно ве поздравувам сите и ви посакувам се најдобро. Морам да одам на работа – изјави мајсторот Мухамед на тој портал.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img