Мајката на Немања Гудељ изгледа прекрасно во бикини

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На социјалните мрежи се појави фотографија од семејството Гудељ од јахтата на која свекрвата на Анастасија Ражнатовиќ – Оливера Гудељ, позира во бикини.

Имено, Оливера Гудељ позирала во костим за капење и ги покажала затегнатите нозе и рамниот стомак, иако роди три деца.

На фотографијата е и сестрата на Немања, Вања, која е тенисерка, како и неговиот брат Драги Гудељ, но и семејниот возач.

Очигледно е дека и мајката на Немања Гудељ се грижи за својот изглед, а особено воодушеви со својот стајлинг кога се појави на свадбата на својот син и Анастасија Ражнатовиќ.

За потсетување, Анастасија Ражнатовиќ ужива во Шпанија со сопругот, фудбалерот Немања Гудељ, а неговото семејство им е голем поддршка.

Инаку, Анастасија одреден период не била во добри односи со свекрвата Оливера Гудељ и со золвата Вања Гудељ, а како што дознава „Блиц“ сега се смириле.

Тие се заследија и на социјалните мрежи, а Немања на 8 март објави фотографија на Инстаграм со Анастасија, Оливера и сестрата Вања.

– Се случи помирување и сега сè е во најдобар ред. Ја видовте и фотографијата која Немања ја објави на мрежите, сега сите се среќни и во добри односи. Немања имаше најмногу влијание на тоа сите да бидат сложни, а сега е токму така – рекол добро упатен извор за „Блиц“.

 

- Advertisement -
Ad image

Share This Article