Луксузната јахта „Acceptus“ закотвена во пристаништето Макарска, Хрватска, се запали синоќа пред полноќ, а од засега неутврдени причини пожарот брзо се проширил.
Во моментот на пожарот на бродот имало три лица, но тие не се повредени.
Во интервенцијата учествувале 11 противпожарни единици од регионот на Макарска, а борбата со пожарот траела цела ноќ.
Јахтата, која пловела под знамето на Малта, е долга 24 метри и широка 7 метри, а според неофицијалните податоци објавени од хрватски медиуми, вреди околу три милиони евра.
Според „Слободна Далмација“, јахтата е во сопственост на босанскиот бизнисмен Мишел Чолак, кој има стан во Макарска и се занимава со изградба на станови.
Во моментот на пожарот во резервоарот на јахтата имало околу 5 тони гориво, па пожарникарите го гаснеле пожарот речиси до 4 часот наутро, кога потонал на страна.