More

    Лукаку играјќи за белгиската репрезентација, за 20 минути во првото полувреме, oд 17. до 37. минута, постигна четири гола на натпреварот против Азербејџан

    spot_img

    Напаѓачот на Рома, Ромелу Лукаку играјќи за белгиската репрезентација, за 20 минути во првото полувреме, oд 17. до 37. минута, постигна четири гола на натпреварот против Азербејџан.

    Белгија го освои првото место во групата Ф откако го победи Азербејџан со 5-0 на домашен терен. Ромелу Лукаку беше незадржлив и постигна четири гола во првото полувреме, а потоа беше заменет. Последниот гол за белгијците беше дело на Леандро Тросар.
    Со тоа белгискиот напаѓач дојде до својот 83. гол во репрезентацијата на Белгија. Има само еден помалку од легендарниот Ференц Пушкаш. Ако го помине Пушкаш, потоа само Роналдо ќе остане пред него како европски фудбалер со најмногу голови за една репрезентација.

    Белгискиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Рома деновиве испрати јасна порака до раководните лица дека сака и во следната сезона да престојува на „Олимпико“. Искусниот напаѓач Лукаку е во сопственост на лондонскиот премиерлигаш Челзи, а актуелната сезона ја одработува како позајмен играч во дресот на римската „волчица“. Калчолигашот има право да го откупи неговиот договор но со понуда не помала од 40 милиони евра.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img