Лидија Вукиќевиќ на 62 години се прошета по градник на црвениот тепих

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Познатата српска актерка Лидија Вукиќевиќ (62) синоќа се појавила на црвениот тепих во еден хотел во Белград по повод настан, а потоа лудо се забавувала на журката која следувала по настанот.

Во морето од луксузни тоалети, Лидија го украде целото внимание со својот предизвикувачки стајлинг. Актерката често гордо ја истакнува својата линија на која можат да и позавидат и мошне помлади колешки, што било случај и синоќа кога се појавила во црн фустан кој повеќе откривал отколку што покривал.

Атрактивната актерка позирала во црн свилен фустан под кој јасно се гледале бујните облини. Но, провокативното деколте е она што го украло целото внимание.

Лидија во преден план го истакнала своето деколте, а сите очи биле вперени во неа.

 

Лидија, да потсетиме, пред неколку месеци откри дека воопшто нема проблем да биде во врска со многу помлад партнер, за што веќе долго време наголемо се зборува.

– Годините не значат ништо, бесмислено е да се гледа тоа. Немам математика во емоциите, немам во ништо затоа што тоа е природна наука, знаете што е важно, сè друго нема пресметка. Останатото е чиста емоција и средба на две срца. Важно е да препознаете дека можете да издржите со некого, да седите и да молчите, да едвај чекате да видите некого, а сè друго, навика и здодевност, никогаш. Подобро да бидам сама отколку во тоа – рекла своевремено Лидија.

Share This Article