More

    Рокерот изнесе страшни детали од сообраќајната несреќа во Македонија

    spot_img

    Српскиот рокер Ѓорѓе Давид вчера организираше прес-конференција во Белрад на која детално ја опиша сообраќајната несреќа што ја доживеа во Македонија, а во која загина 49-годишна жена од Куманово.

    Давид пристигнал во студиото на „Гранд“ со мал градски автомобил, видно нерасположен.

    Тој првпат јавно проговори и откри што се случило кобната вечер кога предизвика сообраќајна несреќа на автопат во Македонија во која загина жена, пренесе српски „Телеграф“.

    – Прво, сакам првпат јавно да изразам сочувство за нејзиниот сопруг Ахрим, кој ја загуби сопругата. Неговата ќерка невнимателно влегла на коловозната лента, таа штотуку го положила возачкиот испит и по многу кратко време доживеала несреќа. Сочувствувам со неговата болка и грижа, имам ќерка која сакам да ја израдувам еден ден со кола и возачка. Кога јас првпат седнав зад волан, ми рекоа дека сум ставил куршум во цевката – рече тој.

    Како што изјавил, видно е физички „пропаднат“ поради лошиот сон и грижите што го снашле, но истакнува дека е психички силен.

    – Мислам дека се гледа дека сум физички видно скршен, тоа е затоа што не спијам, тоа се сцените кои штотуку почнаа да се враќаат. Многу ми е важно вие, медиумите, да разберете колку е ова важно. Мислам дека сум еден од најсилните кога е психата во прашање, но тоа се работи кои те кршат како кибрит. Ова е нешто со кое ќе се борам, морам да се предизвикам и да бидам што е можно посилен. Ова е сега моја борба со себе, отсекогаш сум бил победник, ќе бидам и сега – нагласи Ѓорѓе Давид.

    Тој детално објасни што се случило на автопатот кобната вечер.

    -Бев таму околу десетина дена, имав обврски во вид на вештачење, правеа траги од кочници и слично, имав голема помош од самиот старт од двајца. Имам адвокат кој ме застапуваше таму, го имам и овде во Белград. Еднаш месечно ќе треба да се јавувам во Обвинителство или кога ќе наредат, тоа е сега моја обврска – рече тој и додаде:

    – Три-четири дена пред немилиот настан сѐ одеше одлично, бев среќен и горд на себе и бендот, се јавував дома… Во саботата наутро кога тргнав имаше ненормално невреме и снежна бура која беше доста изненадување. Стигнавме во Скопје, пиевме кафе, вечерта околу 7:15 заминав за Белград, некаде околу 2.400 метри пред граница се случи таа приказна. На таа приказна ѝ претходеше тоа што девојката влегла на спротивната лента на автопатот и директно се судрила со автомобил каде сите се повредени, не знам кои се последните информации. Лицето кое било во автомобилот кој тргнал во погрешен правец, мајката на девојката која била зад воланот, жената излегла од тотален шок, не знам што се случило и како. Таа беше неповредена или со полесни повреди, влегов во тотален мрак од зрак светлина што ми дојде од десно, од пумпата што беше десно. Во тој момент налетав на облаци од магла, ја намалив брзината и во еден момент ми се чинеше дека нешто не е во ред. Сè се случи во секунда. Свртев десно за да излезам од автопат за да пропуштам сѐ околу мене, таа несреќа, забележав жена со бел мантил и тоа се случи. Кога застана автомобилот, се контролирав, излегов од автомобилот, тоа што го видов беше страшно. Не знаев што се случува. Видов човек чија глава беше отворена, мислев дека го удрив. Ме однесоа во болница, па ми рекоа дека сум удрил жена – рекол Ѓорѓе Давид.

    По трагедијата тој поминал повеќе од четири часа во полиција.

    – Отидов од болница во полиција каде останав 4 и пол часа, потоа отидов во хотелот и легнав да спијам. Од 9 часот наутро во недела, до 11 и пол навечер имав 2.842 телефонски повици. Тогаш не можев да давам изјави, ме повикаа луѓе кои треба и не треба да ми се јавуваат. Се повлеков, сѐ беше наредено како на лента. Ме советуваа да не давам изјави, за да нема погрешно толкување. Бев загрижен за семејството, тие беа во катастрофална емотивна состојба. Прашаа што се случило, што ќе биде… Се смириле во вторникот, третиот ден по несреќата – рекол Ѓорѓе Давид.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img