More

    Принцезата од Велс Кејт Мидлтон, која од јануари живее во илегала поради веста дека има рак, наводно била забележана во понеделникот вечерта во американскиот град Хјустон

    spot_img

    Принцезата од Велс Кејт Мидлтон, која од јануари живее во илегала поради веста дека има рак, наводно била забележана во понеделникот вечерта во американскиот град Хјустон.

    Веста дека болната принцеза од Велс е забележана на влезот во медицинскиот центар во Хјустон го обиколи светот со брзина на светлината.

    Информацијата ја објави извесна Аманда Мата на својот профил на ТикТок, за половина час ја прегледале половина милион луѓе, а потоа следувале илјадници коментари.

    „Таа нема да биде во хотел. Ќе има своја куќа некаде само за неа“, напишал еден корисник на оваа социјална мрежа, а стотици од нив додале дека „логично е што го направила тоа“.

    „Има логика Кејт да го бара најдобриот третман, без разлика каде се наоѓа“, гласат бројните коментари.

    Британските медиуми, некои, не сите, веднаш стапиле во контакт со претставници на Центарот за рак „МД Андерсон“ за да ги потврдат овие наводи, а оттаму им одговориле:

    „Болницата не може да коментира дали некој поединец е наш пациент или не, поради законите за приватност на пациентите.“

    Овој Центар е познат по своето револуционерно лекување и истражување на ракот, во него спас побараа многу познати луѓе, меѓу кои и музичарот Еди Ван Хејлен и поранешната тенисерка Крис Еверт.

    На крајот морала да реагира Кенсингтонската палата, која објави соопштение на својата официјална страница на Инстаграм:

    „Гласините дека Кејт Мидлтон се лекува во Центарот за рак „МД Андерсон“ во Хјустон се лажни. Неколку сведоци ќе кажат дека ја виделе во Норфолк“, гласело официјалното соопштение од кралската палата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img