Лек за уништување на сите цврсти видови рак почна да се тестира на луѓе

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Американски научници развиле лек во форма на таблетка, кој при претклиничките тестови ги уништил сите цврсти видови на рак и ги оставил здравите клетки непроменети, пренесува германската новинска агенција ДПА.

Научниците од „Сити на Хоуп“, една од најголемите американски организации за истражување и третман на ракот, објавија студија во која се детално опишани првите резултати од тестирањето „таблетки за уништување на ракот“ AOH1996.

Лекот ја таргетира канцерогената варијанта на размножувачки клеточен нуклеарен антиген (PCNA) – протеин кој во својата мутирана форма, е „клучен во репликација на ДНК и поправка на сите тумори кои се шират“, соопштија од организацијата.

„Нашата табелтка за убивање рак е како снежна бура која затвора клучен центар на авиокомпании, затворајќи ги сите дојдовни и појдовни летови само во авионите кои ги превезуваат клетките на ракот“, велат од организацијата.

Професорката ги нарече резултатите ветувачки и рече дека истражувањето покажало дека AOH1996 може да го сузбие растот на туморот во клеточните и животинските модели, а првата фаза од клиничките испитувања на луѓе е во тек.

Таблетката се покажала како ефикасна во третманот на клетките кои потекнуваат од ракот на дојката, простата, мозокот, јајниците, грлото на матката, кожата и белите дробови.

Тестиран е на повеќе од 70 клеточни линии на рак и е откриено дека селективно ги убива канцерогените клетки со нарушување на нормалниот репродуктивен циклус на клетките, според истражувачкиот центар.

Студијата е објавена во списанието „Cell Chemical Biology“.

Share This Article