More

    Силувачот Јозеф Фрицл од психијатриското одделение оди во редовен затвор

    spot_img

    Јозеф Фрицл, Австриецот кој 24 години ја држеше и силувал својата ќерка во заробеништво, ќе биде префрлен од психијатриското одделение во редовен затвор.

    Австрискиот суд нареди префрлање на 88-годишниот силувач Јозеф Фрицл во редовен затвор од психијатриското одделение на затворот, изјави неговиот адвокат на новинарите по сослушувањето, пренесува Ројтерс.

    Фрицл, кој сега го смени името, беше осуден на доживотен затвор во 2009 година за силување, инцест и држење во заробеништво неговата ќерка Елизабета и седумте деца кои ги имаше со него.

    Едно од децата починало, а судот оценил дека Фрицл е одговорен за смртта бидејќи не му пружил лекарска помош на детето навреме.

    Случајот со Јозеф Фрицл го шокираше светот кога во 2008 година Елизабет Фрицл успеа да стапи во контакт со полицијата и да пријави дека нејзиниот татко ја држи во заробеништво. Таа тогаш имала 42 години и поминала 24 години затворена во подземно засолниште под нивната семејна куќа. Нејзиниот татко почнал да ја злоставува кога таа имала само 11 години.

    Елизабет поминала повеќе од половина од својот живот во подрум кој бил изграден во стил на бункер од Студената војна. Таа живеела таму и трпела малтретирање од 18-годишна возраст, а Јозеф им рекол на семејството и пријателите дека неговата ќерка побегнала од дома и се приклучила на секта.

    Злосторството било откриено кога едно од децата на Елизабета тешко се разболело и Фрицл го однел во болница. Лекарите сакале да ја видат мајката. За оваа прилика Фрицл ја ослободил од заробеништво, за да се појави во болница и да ги отфрли сомнежите. Таа, сепак, ја искористи можноста да го пријави злоставувањето што го трпела повеќе од две децении.

    Фрицл издржува доживотна затворска казна во затворот со максимална безбедност во Кремс.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img