More

    Лавров ја коментира ситуацијата во Украина

    spot_img

    Доколку западните земји сакаат да го решат украинскиот конфликт на бојното поле, Москва е подготвена на тоа, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, пишува Ројтерс.

    – Тоа е нивно право, ако сакаат на бојното поле, ќе бидат на бојното поле – рече Лавров.

    Зборувајќи за конференцијата за Украина, која летово ќе се одржи во Швајцарија и на која Русија не е поканета, Лавров посочи дека сè се сведува на формулирање ултиматум до Русија.

    Според него, конференцијата е фокусирана на „формулата на Володинир Зеленски“ и во исто време ги игнорира другите иницијативи, вклучително и кинеската, која, како што рече Лавров, е „најсеопфатна“.

    – Швајцарија, без разлика што е на дневен ред, повеќе не е погодна како место за одржување мировни преговори. Претходно, Швајцарија беше навистина неутрална земја. Сега таа јасно застана на страната на Украина – рече Лавров.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img