More

    Куповната моќ на граѓаните на Црна Гора, според анализата на Центарот за економски и европски студии, е намалена за цели 15 отсто поради многу високата стапка на инфлација

    spot_img

    Куповната моќ на граѓаните на Црна Гора, според анализата на Центарот за економски и европски студии, е намалена за цели 15 отсто поради многу високата стапка на инфлација.

    Просечната плата без даноци и придонеси во Црна Гора од 718 евра, колку што беше во август, е реално за 5,7 отсто помала во однос на јануари 2022 година. Тоа значи дека црногорскиот граѓанин можел да купи помалку стоки и услуги за 718 евра од августовската заработка отколку за 686 евра, колку што изнесувала просечната плата во јануари.

    Како што наведуваат во соопштението, причина е многу високата стапка на инфлација од дури 15 проценти, што е многу повисока отколку во еврозоната. Тоа е предизвикано од фактори од меѓународниот пазар, како и од неадекватните мерки на фискалната политика во земјата. Покрај тоа што растот на пензиите беше многу ограничен, просечната пензија во август во Црна Гора исто така реално се намали и тоа за околу 1,4 отсто во однос на почетокот на 2022 година.

    Анализирајќи ги движењата во клучните компоненти на потрошувачката, ЦЕЕС оценува дека реалниот раст на бруто домашниот производ во 2022 година ќе биде меѓу 5,4 и 6,5 проценти, под услов да нема силни надворешни шокови. Реализацијата на оваа проценка на БДП во Црна Гора во 2022 година ќе придонесе за враќање на економијата на предпандемиското ниво.

    Албанската министерка за финансии и економија Делина Ибрахимај на редовната месечна конференција за движењата во економијата, соопшти дека инфлацијата забележана во Албанија е значително помала во однос на земјите од регионот.

    – Инфлацијата во август изнесува 8 отсто, додека осуммесечниот просек е 6,1 отсто, што значи дека и понатаму имаме најниска стапка на инфлација во регионот. Во Косово инфлацијата во август е 11,2 отсто, во Северна Македонија 11,6, во Србија 10,5, во Црна Гора 11,1 отсто – изјави таа.

    Земјата забележала пониска просечна инфлација од онаа во Европската Унија, која била 7,6 отсто, што е повисока од онаа во Албанија 1,5 отсто.

    Министерката објасни дека главно влијание врз инфлацијата има групата храна и транспорт.

    – Впрочем, пониското ниво во однос на регионот доаѓа како резултат на активноста во државата и спецификите. Инфлацијата се состои од увезена инфлација на ниво од 60 отсто а само 40 отсто е под влијание на цените во земјата. Одлучивме да не ја зголемуваме цената на струјата, што индиректно се одрази на незголемување на производните трошоци во земјава – посочи таа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img