Во рамките на новата сезона на серијата „На мојот следен гостин не му треба вовед“, на Нетфликс беше објавено интервју со Вил Смит, каде тој призна дека добил визија за својата „уништена кариера“. Интервјуто е снимено пред доделувањето на Оскарите во 2022 година, кога Смит му удри шлаканица на Крис Рок на сцената, пишува Б92.
Актерот опширно зборуваше за визијата дека кариерата му е уништена во новата сезона на шоуто на Дејвид Летерман. Смит му објаснил на Летерман дека и покрај тоа што не земал дрога, имало период од две години во кои користел психоделици, кои ги опишал како „најпеколното психолошко искуство во животот“.
– Конзумирав Ајахуаска. Обично се потребни околу 45 минути за да дејствува – рекол Смит.
– Пиев и седев, а потоа наеднаш како да ми се причини дека сите мои пари летаат и мојата куќа како да ми одлета и како мојата кариера заминува. Како целиот мој живот да бидуваше уништен – додава тој.
Како што се развивала халуцинацијата, Вил Смит вели дека ја слушнал неговата ќерка Вилоу како вика за помош и во тој момент престанал да се грижи за што било друго. Според него, искуството, иако застрашувачко, му помогнало да стекне нова перспектива на животот.