More

    Крис Рок му се одмазди на Вил Смит за шлаканицата на Оскарите

    spot_img

    Откако колегата го удри пред цел свет, познатиот комичар конечно проговори и истакна дека тој не е тој на кого Вил Смит треба да биде бесен.

    Комичарот Крис Рок пред една година беше во центар на вниманието поради инцидентот на доделувањето на Оскарите кога колегата Вил Смит му удри шлаканица пред сите, среде сцена.

    Имено, актерот и комичар Крис Рок, којшто ја најавуваше категоријата за најдобар долгометражен документарен филм, рече дека е возбуден што ќе ја гледа Џејда Пинкет Смит како Џи Ај Џејн.

    Тој така се пошегува на сметка на фактот што Џејда, сопругата на Вил Смит, ја изгубила косата како последица на алопеција, а притоа алудирајќи на филмската хероина без коса.

    Вил Смит не останал мирен по овој неумесен коментар пoради тоа што Џејда со години се бори со оваа состојба, па се качи на сцена и му удри шлаканица на Крис Рок.

    „Не ставај го името на мојата сопруга во својата уста“, рече Смит, по враќањето на своето место.

    Шокираниот комичар искоментира:

    „О, Вил Смит штотуку ме удри“.

    Рок оттогаш не сакал премногу да се навраќа на тој настан, но во една прилика го прокоментирал ударот на Вил и кажал дека го болело и дека потоа продолжил понатаму како ништо да не се случило.

    Сега, во својата нова стенд-ап комедија во рамките на емисијата „Сабота вечер во живо“, конечно проговорил и одлучил да му го врати ударот на колегата, на свој начин, а неговите зборови нема да му годат на семејството Смит.

    „Вил Смит практикува селективен бес затоа што сите кои навистина знаат што се случи, знаат дека јас немам врска со таа работа. Ништо не направив“, рекол Крис Рок и истакнал дека актерот има поради што да биде бесен, но не на него.

    „Неговата сопруга имаше секс со пријател на неговиот син. Не би зборувал за тоа сега, но поради некоја причина тие го известија интернетот за тоа. Немам претстава поради што тие двајца талентирани луѓе би направиле нешто толку понижувачко. Зошто?“, се запрашал Крис.

    Тој потсети на интервјуто од Џејда од 2020 година кога темата била токму нејзиното неверство.

    „Сите некогаш сме биле изневерени, но никој од нас не бил интервјуиран од страна на личноста која нè изневерила, па уште на телевизија. Зошто би го правел некој тоа?“, изјавил комичарот.

    Крис истакнал дека верува дека Џејда го повредила Вил многу повеќе отколку што него го повредила шлаканицата.

    „Цел свет го нарекуваше проклетник после таа шлаканица. Се обидов да му се јавам на тој проклетник и да му дадам сочувство. Не сакаше да ми се јави“, изјавил комичарот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img