Синот на фолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, Вељко Ражнатовиќ, е активен и успешен во боксот, а како спортист многу се грижи за својот изглед.
Вељко е татко на три сина, а може да се каже дека изгледа одлично и не дозволува да го запостави својот изглед.
Меѓутоа, и тој во одреден период се борел со вишокот килограми, па сега на својот инстаграм-профил објави неколку фотографии кога имал 109 килограми.
Вељко иако е висок 192 сантиметри и може да си „прости“ по некој килограм плус, а е и боксер, сепак бил свесен дека има вишок килограми, па решил да се ослободи од нив за кратко време.
– Летоска 109 килограми – напишал тој, а описот на објавата бил проследен со емотикони со смеење.
Фотографиите го прикажуваат Вељко во друштво на пријател, неговата сопруга Богдана и тој самиот, а оние моменти кои секој би ги заборавил Вељко ги овековечил пред камера и ги објавил.
Неговата објава предизвика лавина од коментари, а прв реагираше МЦ Стојан. Тој стави срце на тоа, во знак на поддршка, но следбениците имаа различни коментари за ова.