Руското Министерство за одбрана соопшти дека 90 руски војници денеска се ослободени од украинско заробеништво, пренесоа руските медиуми.
„Како резултат на преговарачкиот процес, денеска од територијата под контрола на режимот во Киев беа вратени 90 руски војници, чии животи во заробеништвото беа доведени во опасност“, се наведува во соопштението на руското МО.
Авиони на Воено-транспортната авијација ќе ги пренесуваат ослободените војници во Москва на лекување и рехабилитација.
На сите воени лица им му била укажана потребната медицинска и психолошка помош.