More

    Кралот на Новозеландските Маори сака на китовите да им даде основни човекови права

    spot_img

    Новозеландскиот крал на Маори повика во четвртокот на китовите да им се дадат основни човекови права за заштита на ранливите видови.

    Кралот Тухеитија Паки рече дека величествените морски цицачи треба да ги имаат основните човекови права како што е правото на здрава животна средина за да им овозможат на нивните популации да се обноват.

    „Звукот на песната на нашите предци ослабна, а живеалиштето е загрозено. Затоа мора да дејствуваме сега“, рече Тухеитија во редок јавен настап.

    Во 2017 година, Нов Зеланд донесе закон со кој се дава правен субјективитет на планината Таранаки и реката Вангануи, кои се важни за Маори, домородните луѓе кои сочинуваат околу 17 отсто од населението на Нов Зеланд, или околу 900.000.

    Тухеитија верува дека давање на ист статус на китовите би делувало како „наметка на заштита“.

    Тој се огласуваше заедно со високиот началник на соседните острови Кукови, Травело Ту Арики.

    Тие се залагаат домородните знаења да се комбинираат со науката за да се обезбеди „похолистички пристап“ за зачувување на китовите.

    „Китовите играат витална улога во здравјето на целиот наш океански екосистем“, рече Травел Ту Арики. „Мораме итно да дејствуваме за да ги заштитиме овие прекрасни суштества пред да биде предоцна“, додаде тој.

    Сините китови можат да пораснат до 30,5 метри и тежат до 200 тони.

    Но, големината не ги штити. Шест од 13-те големи видови китови се загрозени или ранливи, според WWF, светската организација за заштита на природата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img