More

    Кралот Чарлс повеќе нема лично да го прима британскиот премиер во својот кабинет секоја недела, туку ќе одржува состаноци преку телефон

    spot_img

    Кралот Чарлс повеќе нема лично да го прима британскиот премиер во својот кабинет секоја недела, туку ќе одржува состаноци преку телефон, соопшти Даунинг стрит. Промената во извршувањето на редовните активности се случува поради здравствената состојба на кралот кој боледува од рак и од понеделникот е подложен на лекување.

    Во нормални околности сите средби со премиерот се одржуваат во Бакингемската палата, пренесува „Телеграф“.

    Бакингемската палата завчера попладне објави дека на кралот Чарлс му бил дијагностициран рак. Засега не е откриено за каков вид на рак се работи, но потврдено е дека ракот бил дијагностициран додека кралот се лекувал од проблем со простатата.
    Британскиот премиер Риши Сунак претходно изјави дека е шокиран и тажен кога дознал дека на кралот Чарлс му бил дијагностициран рак. Сунак рече дека е среќен што „болеста е рано дијагностицирана“ и се надева дека монархот брзо ќе закрепне.

    Сунак рече дека е во „редовен контакт“ со кралот и дека планот е сè да продолжи како ситуацијата да е нормална.

    – Нашите мисли се со него и неговото семејство. Редовно сум во контакт со него, како и секогаш – рече Сунак.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img