Ковид сертификатите за прележаност да важат 180 дена

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок одлучи да предложи до владата да се достави предлог сертификатите за прележан ковид наместо досегашните 45 дена да траат 180 дена, сметано по датумот на позитивен ПЦР тест, рече д-р Злате Мехмедовиќ на денешната прес-конференција.

Според него, втората препорака е поврзана со извештајот на Институтот за јавно здравје и е поврзан со хоспитализацијата и смрт од ковид-19 во месец јануари, а во анализираниот период само шест лица со бустер доза починале, сите смртни случаи имале дополнителни болести (дијабет, карцином, кардиоваскуларни и гојазност).

Третата препорака е за лекување на пациенти од ковид-19, а тие се изработени од работната група при МЗ и од катедрата за семејна медицина во соработка со матичните лекари.

– Препораката е тие да бидат подобро искомуницирани, односно да бидат објавени на сајтот на МЗ и на Лекарската комора и дополнително испратени до матичните лекари, како и ковид-центрите со цел да се олесни достапноста и примената на овие протоколи – вели д-р Мехмедовиќ.

Последната препорака која ја донела Комисијата за заразни болести е да се спроведе скрининг на ковид во училиштата за да се види дали преносливост на коронавирусот меѓу учениците, додека дел од тестовите ќе бидат искористени за т.н. стратегија „тестирај за да останеш на училиште“ а којшто предвидува изложените ученици во одделението каде што имало позитивен случај, па оние кои ќе покажат негативен резултат ќе може да останат да ја следат наставата

Share This Article
Leave a Comment

Leave a Reply