More

    ЗА 36 ПРАТЕНИЦИ АПАНАЖА, ЗА ЗАБРЧАНЕЦ И КОМПАНИЈА ЛАПАНАЖА

    spot_img

    Уште седуммина поранешни пратеници ќе добијат апанажа по завршениот пратенички мандагт, некои ќе добијат и отпремнина при заминување во пензија.

    Поранешните пратеници Арбен Зибери, Вјолца Адеми и Бедри Фазли од ДУИ, Снежана Калеска – Ванчева и Љатифе Шиковска од СДСМ, Енес Ибрахим од Партија за движење на Турците и Бастри Бајрами од Беса ќе добијат апанажа, утврди собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.

    Право на остварување на отпремнина при заминување во пензија добија поранешните пратеници Коле Чаракчиев, Стојан Миланов и Панчо Минов.

    Комисијата претходно им го прифати барањето за апанажа на уште 29 поранешни пратеници. Законскиот рок за поднесување на барање за апанажа истекува на 28 јуни, односно 30 дена по верификација на мандатите на новите пратеници.

    Апанажата е законско право пратениците да добиваат плата во следните 12 месеци по завршувањето на пратеничкиот мандат и истата ја исплаќа Собранието. Просечната плата на пратеник е нешто над 100.000 денари без додатоците за работен стаж и за учество во собраниските тела.

    Со претходно одобрените 29 апанажи, сега бројката на екс-пратеници кои уште една година  ќе земаат државна плата од околу 2.000 евра се искачи на 36. Оваа бројка не е конечна, законскиот рок за поднесување на барање истекува на 28 јуни.

    Апанажа ќе зема и Арбен Исаку, екс-член на Советот на јавните обвинители, но пари од државната каса побарале и сите владини функционери кои не успеаја да станат пратеници во новиот состав.

    На затворена владина седница, вчера е одлучено да се даде предлог, апанажа да земаат и досегашните национални координатори, Нора Исмајловска Старова, Марјан Забрчанец и Роберт Поповски, како и шефот на кабинет на Ковачевски, Мартин Попов.

    Пари од државниот буџет побарале и тројца вработени во кабинетот на сега веќе поранешниот претседател Стево Пендаровски, но собраниската Комисија ги одби нивните барања со образложение дека тоа се функционери кои не се избрани од Собранието.

    Потпишани се и решенија за плата на сегашните пратеници, на новиот претседател на Уставен суд, Дарко Костадиновски и на поранешната претседателка на судот, Добрила Кацарска.

    На платниот список на собранието е и техничкиот премиер ,Талат Џафери, иако таа функција му е во мирување.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img