Синот на мултимилионерот Џорџ Сорос, Александар на Твитер сподели фотографија од средба со премиерот Димитар Ковачевски на безбедносната конференција што се одржува во Германија, во Минхен.
– Одлично е да се сретнеш со новиот премиер на Македонија, Димитар Ковачевски, и да слушнеш за неговите планови да ја зајакне и да ја направи оваа мултиетничка демократија попросперитетна! – објави Александар Сорос.
Ковачевски на својот Твитер и Фејсбук профил објави фотографии од повеќе други средби но не и за средбата со синот на милијардерот Џорџ Сорос.
Ниту во соопштението на владата нема ни збор за средбата со синот на Џорџ Сорос.
На конференцијата во Минхен учествува и македонска делегација од каде што се објавуваат активности за средби на маргините од конференцијата на претседателот Стево Пендаровски и Димитар Ковачевски.