More

    Ковачевски: Повикувам Владата и сите во неа, без разлика на партиската припадност, да работат во интерес на граѓаните, на економијата, на безбедноста и на стабилноста на земјата

    spot_img

    Повикувам Владата и сите во неа, без разлика на партиската припадност, да работат во интерес на граѓаните, на економијата, на безбедноста и на стабилноста на земјата – изјави досегашниот премиер Димитар Ковачевски по денешното примопредавањето на функцијата претседател на Владата на новиозбраниот премиер на техничката влада Талат Џафери.

    – Основна задача на техничката влада е да организира и спроведе слободни, демократски и фер претседателски и парламентарни избори. Сите почнати политики треба целосно и континуирано да се реализираат. Очекувам посветеност во работата, концентрација на сите во Владата и во оваа насока сметам дека работата ќе биде на највисоко ниво – порача Ковачевски.

    Според него, изминатите две години не биле воопшто лесни.

    – Тие беа години на исклучително голема европска, па и светска економска и енергетска криза, но и покрај тоа, направивме многу и никого не го оставивме сам. Владата успеа да воспостави систем што функционира во време на криза, политиките се поставени, мерките се јасни, очекувам сите да покажат јасна политичка волја за да се поддржат и одржат и економската и политичката стабилност и да се спроведат мирни, фер и демократски избори како што ѝ прилега на држава членка на НАТО и држава со почнати преговори со ЕУ – истакна Ковачевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img