More

    Владата го утврди текстот на Предлог-законот за помилување

    spot_img

    Владата на денешната седница го разгледала и го утврдила текстот на Предлог-законот за помилување, предложен од Министерството за правда.

    Како што соопшти вечерва владината прес-служба, причините за донесување нов Закон за помилување, според предлагачот, произлегуваат од недостатоците и правните празнини во постојниот Закон за помилување („Службен весник на РМ” бр. 20/93, 12/09 и  99/16), од аспект на неговата практична примена, како и од потребата за попрецизно нормирање на одредени прашања регулирани со законот.

    „Заради честите проблеми со коишто се соочува практиката, од аспект на неопходност од итност на постапката, во новиот Закон, како што е образложено од ресорното Министерство, се предвидуваат рокови за постапување на учесниците во постапката за помилување“, се наведува во соопштението.

    Меѓу другото, како што посочуваат од Владата, се врши и терминолошко усогласување на одделни називи и поими.

    „Со овој Предлог на закон за помилување се уредуваат поимот и видовите помилување, дејството на помилувањето, лицата овластени за поднесување молба за помилување, како и постапката и актите на надлежните органи во врска со помилувањето. А, една од најзначајните измени во законот е тоа дека претседателот на државата може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на поименично определени лица. Исто така се разработува постапката за помилување, при што клучни се и одредбите за одговорност на лицата кои постапуваат по предметите, како и на нивните претпоставени“, соопштуваат од владината прес-служба. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img