More

    Одлуката за можен напад врз Иран ќе биде една од последните големи одлуки на американскиот претседател Џо Бајден пред крајот на неговиот мандат

    spot_img

    Одлуката за можен напад врз Иран ќе биде една од последните големи одлуки на американскиот претседател Џо Бајден пред крајот на неговиот мандат, пишува Блумберг, а тој е под притисок силно да одговори по вчерашните убиства на три американски војници во Јордан, напад за којшто одговорност презеде групата Исламски отпор поддржана од Иран.

    Бајден ќе мора да донесе одлука да ги казни сторителите, но да не биде доведен во директен конфликт со Иран, што е деликатно, пишуваат американските медиуми. На пример, може да биде наредена тајна акција за убиство на ирански функционери, слично како што Доналд Трамп нареди убиство на генералот Касем Сулејмани во Багдад во 2020 година.

    Во меѓувреме, нападот на кулата 22 на границата на Јордан и Сирија го коментираше соперникот на Бајден, Доналд Трамп. Тој на својата социјална мрежа „СоцијалнаВистина“ напиша:

    „Овој дрзок напад врз Соединетите Американски Држави е уште една ужасна и трагична последица на слабоста и предавањето на Џо Бајден. Овој напад никогаш немаше да се случи да бев јас претседател, никогаш немаше да има шанса – исто како што никогаш немаше да се случи нападот на Хамас кој е поддржан од Иран, никогаш немаше да има војна во Украина, а сега ќе имавме мир во целиот свет. Наместо тоа, ние сме на работ на Трета светска војна“,  се вели во објавата.

    Дополнително, во својата пресметка Бајден ќе мора да ги земе предвид и американските напади врз позициите на јеменските Хути.

    Исламскиот отпор во Ирак, чадор група на неколку вооружени милитантни фракции поддржани од Иран, ја презеде одговорноста за нападите на сириско-јорданската граница. Од друга страна, мисијата на Иран во Обединетите Нации рече дека Техеран „нема врска“ со нападот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img