More

    Ковачевски им порача на граѓаните да бидат спокојни и од безбедносен и од економски аспект

    spot_img

    Не може да се предвиди како ќе се одвива војната во Украина, но граѓаните треба да се спокојни и од безбедносен и од економски аспект, вели премиерот Димитар Ковачевски.

    – Со оваа војна сфаќаме колку беше правилна нашата одлука да се пристапи кон најголемиот воен безбедносен и одбранбен сојуз во светот. Нашата земја е безбедна, нашите граници се НАТО граници и од тој аспект никој не треба да има дилема дали нешто може да ни се случи – истакна Ковачевски во интервју за новогодишниот број на неделникот „Фокус”.

    Прашан за состојбите во Косово, премиерот смета дека решението е во дијалогот меѓу Србија и Косово со посредство на ЕУ. Сите страни, според него, треба да се однесуваат во насока на воспоставување мир на северот на Косово.

    Премиерот меѓу другото, потенцира дека „како граѓанин очекува да имаме функционална судска власт и очекува правда”. Тој се осврна и на пресудата за случајот со масовното прислушување.

    – Владата не може да се меша во судската власт. На правосудниот систем му останува низ транспарентен процес да им објасни на граѓаните за одлуките што ги носи и да работи на унапредување за да се зголеми довербата на граѓаните и да се обезбедат фер услови сите граѓани да бидат еднакви пред Уставот – рече Ковачевски.

    Во врска со посетата на тимот од САД поврзано со случаи на корупција, премиерот вели дека со нив не се сретнал, но дека „искуствата што ги имаат ЕУ и САД се од огромно значење и се добредојдени”. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img