More

    Ковачевски ги поздрави балканските лидери во Скопје

    spot_img

    Планот за раст на ЕУ го гледам како олеснувач кој ги отвора портите кон европскиот единствен пазар и кон слободниот проток на стоки, услуги, капитал и луѓе. Оваа структурирана рамка засилена со финансиска поддршка станува клуч за беспрекорна интеграција. Таа го охрабрува усвојувањето на европските регулативи и стандарди, промовирајќи интеграција и во регионот и во ЕУ. Оваа стратегија за двојна интеграција не само што го забрзува пристапниот процес кон ЕУ, туку носи и брзи придобивки – зголемена трговија и инвестиции, подобрена конкурентност и регионална поврзаност. Планот е мост кој ги поврзува аспирациите со реалноста, рече премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето на лидерскиот состанок посветен на Планот за раст на Западен Балкан, кој се одржува во Скопје.

    – Планот за раст ги надминува економските стратегиии и е реална движечка сила кон просперитетна иднина на Западен Балкан. Овој инструмент за нас е момент на пробив. Со него, земјите од Запад Балкан ќе ги збрзаат фундаменталните реформи, создавајќи врска меѓу заедничкиот регионален пазар. Во тој процес, пристапот до дополнителна финансиска помош станува клучен елемент. Инструментот за реформи и раст дејствува како финансиски столб со кој се поддржуваат реформите. Планот за раст е конкретна акција на ЕУ за зголемена регионална соработка и вклучување на земјите од Западен Балкан на заедничкиот европски пазар – нагласи премиерот. 

    Планот за раст на Западен Балкан беше усвоен од Европската Комисија на 8 ноември и со него се предвидува финансиска поддршка од 6 милијарди евра за периодот 2024 – 2027 година. Од овие средства, две милијарди се неповратни грантови, а четири милијарди се концесиски заеми обезбедени од ЕУ. Целта на Планот е поттикнување на економскиот раст и забрзување на социо-економската конвергенција.

    Поддршката ќе биде обезбедена преку позајмици директно исплатени во националните буџети на партнерите од Западен Балкан. Три милијарди евра ќе бидат ставени на располагање како директна поддршка за корисниците за да се забрза растот врз основа на клучните социо-економски реформи, а две милијарди евра грантови и една милијарда евра кредити ќе бидат наменети за поддршка на инфраструктурни инвестиции преку Инвестициската рамка за Западен Балкан. Овие инвестиции ќе бидат наменети за транспортот, енергијата, дигиталната транзиција, образованието и развојот на вештини. Најмалку, 37 отсто од неповратната финансиска поддршка канализирана преку Инвестициската рамка треба да се однесува на проекти што ќе придонесат за остварување на климатските цели.

     

    На состанокот во Скопје присуствуваат српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерите на Албанија, Црна Гора и Косово, Еди Рама, Милојко Спаиќ и Албин Курти, актуелниот министер за финансии и трезор во Советот на министри на БиХ, Срѓан Амиџич, како и Герт Јан Копман, генерален директор за соседство и преговори за проширување во Европската комисија и Џејмс О’Брајaн, помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД.

    Премиерот Ковачевски информираше дека разговорите во Скопје почнале со синоќешната вечера на лидерите и најави усвојување заедничка декларација како заложба за спроведување на активностие од Планот.

    Генералниот директор за соседство и преговори за проширување во Европската комисија Герт Јан Копман во обраќањето на денешниот лидерски состанок истакна дека Планот за раст може потенцијално да го промени регионот, но може и да го забрза процесот на пристапување кон Европската Унија.

    – Охрабрен сум од работата која што досега Северна Македонија ја има сработено од агендата за реформи. Вашите преговарачи со нашите тимови напредуваат многу и ова не помина незабележано во ЕУ. Денес го гледаме заедничкиот регионален план во рамките на Планот за раст и сметаме дека тоа е клучно за поттикнување на растот но и на зголемување на економијата. Често го споменувам и фактот дека со пристапувањето во ЕУ, трговиите растат. Ние сме тука да ви помогнеме – рече Герт Јан Копман.

    Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ во обраќањето на лидерскиот состанок посочи дека за нив се многу поважни зелените ленти, отколку единствената европска зона за плаќање.

    -. Не ја потценувам важноста на  единствената европска зона за плаќање, но за нас најважни се зелените ленти. Тоа ќе биде од голема помош за да се креира подобра бизнис средина за нашите луѓе, но и за сите други кои ќе сакаат да инвестираат во овој регион. Имам голема молба за сите вас од регионалните организации од ЕУ, да ни помогнете со некои прашања затоа што ќе мора да решиме некои тешки проблеми со кои ќе се соочиме. И знаете дека треба да се усогласиме кога зборуваме за економските мерки и заменски политики пред да влеземе во ЕУ – додаде Вучиќ.

    Вучиќ потенцираше дека ова може да биде позитивна работа во однос на поврзувањето на регионот, исто како што беше со иницијативата Отворен Балкан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img