More

    Екстремната десница во Германија ги трие рацете

    spot_img

    Екстремно-десничарската Алтернатива за Германија (АфД) ќе се заложи за референдум во стилот на Брегзит за членство во ЕУ, доколку дојде на власт, изјави лидерот на партијата Алис Вајдел, поздравувајќи го излегувањето на Велика Британија од Унијата како сосема правилен потег.

    – Тоа е модел за Германија, опција да може да се донесе таква суверена одлука – рече Вајдел во интервју за „Фајненшл тајмс“.

    Вајдел ја води партијата АфД од 2022 година и вели дека владата на АфД ќе се обиде да ја реформира ЕУ и да го отстрани нејзиниот „демократски дефицит“, вклучително и ограничување на овластувањата на Европската комисија, според нив, „неизбраната извршна власт“.

    – Но, ако реформите не се можни, ако не успееме да го обновиме суверенитетот на земјите-членки на ЕУ, треба да ги оставиме луѓето да одлучуваат, исто како што направи Велика Британија. И би можеле да имаме референдум за ‘Dexit’ – излезот на Германија од ЕУ – рече Вајдел.

    Вајдел зборуваше во контекст на големото зголемување на поддршката за АфД, која според анкетите изнесува 22 отсто, што е повеќе од сите три партии во несигурната коалиција на канцеларот Олаф Шолц – социјалдемократите, зелените и либералите.

    Претходните денови речиси 300.000 Германци протестираа на повеќе од 100 локации во германските градови против екстремните десничарски партии велејќи дека „тие сакаат да не претворат во Русија“. Демонстрантите бараат укинување на екстремните десничарски партии што отвора сложена и неизвесна правна постапка.

    Јавноста во Германија беше разбеснета минатата недела кога се дозна дека неколку политичари на АфД се сретнале со истакната етно-националистичка личност за да разговараат за потенцијалот за масовни депортации на луѓе од странско потекло. АфД оттогаш пробува да се дистанцира од скандалот.

    Другите партии одговорија на заканата на АфД со создавање на „огнен ѕид“ што спречува каква било форма на коалицирање или соработка со партијата. Како резултат на тоа, и покрај својата сила во анкетите, АфД нема водечка улога во ниту една од 16-те германски покраински влади.

    Алис Вајдел признава дека нема да дојде на власт до 2029 година.

    Освен што се залага за „западните христијански вредности“, според Вајдел, АфД треба да ја промени даночната политика на Германија, да ја намали гломазната администрација и да ја сопре транзицијата на земјата од фосилни горива кон обновливи извори на енергија:

    – Франција планира 15 нови нуклеарни централи, а ние се потпираме на турбини на ветер и на соларни панели кои не можеме ни сами да ги произведуваме – вели таа за „Фајненшл Тајмс“.

    Според неа сите 1,1 милион бегалци од Украина во Германија ќе мора да се вратат во Украина откако ќе заврши војната.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img