Коста Кецмановиќ почнал необично да се однесува по годишнината од страшниот масакр што го изврши на 3 мај минатата година кога уби 9 ученици и чуварот во Основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. Момчето убиец по грозоморното убиство беше сместен на психијатриската клиника во Белград. Toj според законот не одговара не одговара кривично за масовното убиство бидејќи кога го извршил немал наполнето 14 години.
На денот на годишнината од страшната трагедија што се случи во Белград, Коста се однесувал сосема нормално, но по неколку дена се променил, вели изворот за Република.рс.
Момчето-убиец сè уште е на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади во Белград.
По годишнината од масакрот Коста целосно се повлекол во себе и паднал во депресија.
– Момчето неколку месеци пред масакрот смислувало план и начин како да го изврши злосторството, меѓутоа не сметал на едно, а тоа е дека животот ќе го помине во заробеништво. Имено, тој очекувал дека нема да трпи никакви последици и дека по делото нормално ќе се движи по улиците – објаснува извор запознаен со случајот.
Тој посочува дека по годишнината од масакрот, Коста се променил соочен со реалноста.
– На годишнината од страшната трагедија што се случи во Белград, Коста се однесуваше сосема нормално, но по неколку дена се промени. Не сака да разговара со никого, практично, паднал во депресија – вели изворот за српска Република.