More

    Косовските пратеници лани потрошиле над 100.000 евра за патни трошоци

    spot_img

    Пратениците во Собранието на Косово во текот на 2021 година, на име на патни трошоци за учество на пленарните и на седниците на собраниските комисии, примиле надоместоци во висина од вкупно 100.530 евра, јави дописникот на МИА од Приштина.

    Според податоците што денеска ги објави Собранието, прв на списокот на корисници на надоместокот е пратеникот на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), Паљ Лекај, со 2.790 евра, само 60 евра помалку искористила Дуда Баље, пратеничка на партијата на косовските Бошњаци, Социјалдемократска унија, која е дел од владејачката коалиција, а трета, со 2.430 евра, е Илза Хоти, пратеничка на партијата на премиерот Албин Курти, Движење самоуправување.

    Покрај споменатите, на „топ-листата“ на десетте пратеници со најмногу искористени пари за гориво за патување на седници, се наоѓаат уште тројца од владејачката ВВ, двајца од ААК и по еден од партиите на помалите етники заедници, колционите партнери Напредно движење на Ромите на Косово и Турската демократска партија на Косово.

    Минатата недела во медиумите се појави информација за високите патни трошоци на народните избраници, што предизвика бројни реакции во јавноста. При тоа се наведува дека има пратеници кои фиктивно го смениле живеалиштето од Приштина во други косовски градови, со цел да ги користат тие средства.

    Многу граѓани преку социјалните мрежи ги повикуваат пратениците, за кои се вели дека имаат плати од над 2.000 евра, да користат јавен превоз, да доаѓаат на седници со велосипеди, или да си го плаќаат горивото од сопствениот џеб.

    По објавувањето на овие информации, владејачката ВВ на премиерот Курти излезе со сосоопштение дека нејзините пратеници, кои во овој состав се најбројни меѓу корисниците на надоместок за учество на седници, се откажуваат од тие патни трошоци.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img