More

    Контроверзната изјава на Трамп предизвика бурни реакции

    spot_img

    Доналд Трамп го им го вклучи алармот на неговите критичари откако на толпата поддржувачи им кажа дека „нема да мора повторно да гласаат“ доколку го вратат на претседателската функција на изборите во ноември, објави британски Гардијан.

    – Христијани, излезете и гласајте! Само овој пат, нема да морате веќе да го правите тоа. Знаете ли што? Ќе се среди! Ќе биде во ред. Нема да треба да гласате веќе, мои прекрасни христијани – рече републиканскиот поранешен претседател во петокот вечерта на митингот организиран во Вест Палм Бич, Флорида, од страна на екстремно десничарската застапничка група „Трнинг поинт екшн“ (Turning Point Action).

    Во тој момент, со благо тресење на главата и со десната рака притисната на левата страна од градите, тој рече дека е христијанин.

    – Ве сакам. Излезете, мора да излезете и да гласате. За четири години, нема да треба повторно да гласате. Ќе го поправиме толку добро, што нема да мора да гласате – додаде Трамп.

    Забелешките на Трамп веднаш беа дочекани со запрепастување во некои политички средини.

    Адвокатот за уставни и граѓански права, Ендру Зајдел, одговори на видеото на кое Трамп го држи контроверзниот говор, пишувајќи: „Ова не е суптилен христијански национализам. Тој зборува за ставање крај на нашата демократија и за инсталирање на христијанска нација“.

    Актерот Морган Ферчајлд додаде во посебна објава: „Но… што ако сакам повторно да гласам? Секогаш ме воспитуваа дека ќе гласаме повторно! Тоа е Америка“.

    И правниот коментатор на Ен-Би-Си, Кејти Фанг, рече: „Со други зборови, Трамп никогаш нема да ја напушти Белата куќа ако биде реизбран“.

    Експертите за авторитаризам ја предупредуваат јавноста да го сфати сериозно Трамп кога зборува на тој начин. И пред Џо Бајден да ја прекине кампањата за реизбор на 21 јули, демократскиот претседател постојано се обидуваше да го прикаже Трамп како егзистенцијална закана за американската демократија.

    Поддржувачите на Трамп ја посочија таа реторика како главен виновник за неуспешниот атентат врз Трамп на 13 јули.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img