Компанијата Епл ќе мора да ја запре продажбата на својот модел на телефон Ајфон 12 во Франција поради нивото на зрачење над прагот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Компанијата Епл ќе мора да ја запре продажбата на својот модел на телефон Ајфон 12 во Франција поради нивото на зрачење над прагот, изјави францускиот министер за дигитална економија  Жан Ноел Баро за весникот „Ле Паризиен“.

– Француското набљудувачко тело за радијација ANFR го извести Епл за нејзината одлука да ја забрани продажбата на Ајфон 12, откако изврши тестови кои покажале дека специфичната стапка на апсорпција на паметниот телефон (SAR) е малку повисока од законски дозволената – појасни Баро.

Баро рече дека ажурирањето на софтверот би било доволно за да се решат проблемите со радијацијата поврзани со телефонот што американската компанија го продава од 2020 година.

– Се очекува Apple да одговори во рок од две недели. Ако не успеат да го сторат тоа, јас сум подготвен да нарачам повлекување на сите iPhone 12 во оптек. Правилото е исто за сите, вклучувајќи ги и дигиталните гиганти .

Европската унија постави безбедносни граници за вредностите на SAR поврзани со изложеноста на мобилни телефони, што според научните студии, може да го зголеми ризикот од некои форми на рак.

Share This Article