More

    Европа е фрустрирана од идејата на израелскиот министер

    spot_img

    Европските министри се збунети, а шефот на европската дипломатија Жозеп Борел е фрустриран од идејата на израелскиот министер за национална безбедност Израел Кац да се пресели целото население на Палестина на вештачки остров во близина на брегот на Газа, пишува „Њујорк Тајмс“.

    Идејата Кац зад затворени врати ја претставил на состанокот на министрите но ЕУ, а  по состанокот следела реакцијата на Борел:

    – Какво друго решение ли имаат на ум? Сакаат да ги натераат сите Палестинци да си заминат? Да ги убиjaт? – изјавил Борел пред новинарите признавајќи дека е фрустриран дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одбива да го прифати концептот на две држави во Израел.

    Борел коментирал и дека планот на израелскиот вештачки остров „нема многу врска со она за што зборувавме“ на состанокот. Дали ова решение кое го презентирал Кац ќе му купи време на Израел? Видеото кое било презентирано на состанокот датира најмалку од 2017 година, бидејќи ова е стара идеја во израелските кругови.

    Палестинските власти ја отфрлија идејата на Кац како фантазија.

    Гојко Дрљача за Јутарни лист ја коментира иницијативата на Израел на следниот начин:

    „Инаку, изградбата на вештачки остров покрај брегот на Газа е стара ционистичка фантазмагорија. За овие бизарни планови пишуваше „Гардијан“ уште во 2011 година. Информациите за тоа што точно предложи вчера Кац во новата верзија на стариот план за изградба на вештачкиот остров уште не се целосно прецизни“.

     

    На социјалните мрежи се појавуваат видеоанимации за тоа како ваквиот контроверзен проект би изгледал. Се шпекулира дека островот би имал питка вода преку десолинирање на морската вода бо посебна фабрика, а би имал и пристаниште, аеродром. индустриска зона…

    Додека израелскиот министер дошол на состанокот со подготвени фотографии од жртвите на масакрот на 1.200 Евреи од страна на Хамас, од другата страна, во Газа веќе се убиени 25.000 Палестинци од кои повеќе од 10.000 се деца.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img