More

    Колку ќе заработи Александра Пријовиќ од петте концерти во Загреб?

    spot_img

    Српската пејачка Александра Пријовиќ најави и петти концерт во Арената во Загреб.

    Пејачката по четири распродадени Арени во Загреб, закажа и петта. Како што ги информирала своите обожаватели преку Инстаграм, на 6 декември ќе го одржи својот петти солистички концерт во главниот град на Хрватска. Александра затоа ќе настапи во оваа сала на 1, 2, 3, 4 и 6 декември и ќе собере вкупно речиси 90.000 фанови.

    Сè шпекулира колку популарната Пријовиќ ќе заработи за сите тие концерти, а српските медиуми се потрудија да дојдат до точните бројки.

    Ако го распродаде и петтиот концерт, што сигурно ќе се случи, Александра во Арена Загреб ќе ја слушаат околу 90.000 луѓе. Бидејќи капацитетот на Арена Загреб со приземје е 22.000 седишта, но со оглед на поставените 150 шанк маси, бројката е помала, па Александра Пријовиќ секоја вечер ќе пее за околу 17.500 луѓе.

    Во медиумските кругови веќе се шпекулира за вртоглавата заработка на пејачката која и покрај бројните трошоци за концерти ќе профитира и од нив. Само од концертите во Загреб, српската пејачка за четири концерти ќе заработи минимум 2.225.000 евра, а доколку се распродаде и петтиот, сумата ќе изнесува нешто повеќе од 2.780.000 евра.

    Влезниците за концертот на Александра Пријовиќ се движат од 25 евра за првиот дел до 130 евра за најскапите места во ВИП кутиите. Распродадени се и шанк масите за кои се потребни минимум шест купени влезници, а цената на еден таков билет е 45 евра.

    Без најскапите места во ВИП кутиите, просечната цена на билет за концерт е 31,8 евра, што значи дека Александра Пријовиќ ќе заработува минимум 555.000 евра по концерт.

    За да не дојде до забуна, треба да се истакне дека целата таа сума нема да оди кај пејачката, но сосема е сигурно дека заработката на Александра Пријовиќ и по одбивањето на сите трошоци на организацијата навистина ќе биде огромна.

    Инаку, Александра е феномен и апсолутен рекордер, бидејќи ниту една пејачка од Србија не успеала да наполни дури пет арени по ред.

    Да потсетиме, Пријовиќ го распродаде и концертот во Сараево закажан за 28 октомври, а во моментов се продаваат билети за нејзиниот втор концерт во салата Зетра, кој ќе се одржи ден подоцна.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img