Претседателскиот кандидат на Движењето Европа сега (ПЕС) Јаков Милатовиќ доминираше во централниот регион, а претседателскиот кандидат на Демократската партија на социјалистите (ДПС) Мило Ѓукановиќ на југот на Црна Гора, покажуваат прелиминарните резултати на ЦЕМИ.
Во централниот дел на земјата, кандидатот на ПЕС освои 35,1 отсто од гласовите, Ѓукановиќ 31,9, а претседателскиот кандидат на Демократскиот фронт (ДФ) Андрија Мандиќ 17,4.
На северот лидерот на ДПС освои 37,3 отсто од гласовите, Милатовиќ 26,3, а Мандиќ 21,1, пренесува „Вијести“.
На југот на земјата Ѓукановиќ постигна речиси идентичен резултат како и на северот (37,6 отсто), Милатовиќ освои 23,8 отсто, а лидерот на ДФ 19,3 отсто од гласовите.
ЦЕМИ/Ана Буриќ
Во неделата се одржа првиот круг од претседателските избори во Црна Гора, а во вториот круг ќе одат лидерот на ДПС, Мило Ѓукановиќ и кандидатот на движењето „Европа сега“, Јак.
Врз основа на 100 отсто обработен примерок, Мило Ѓукановиќ освоил 35,2 отсто од гласовите, објави ЦЕМИ. Јаков Милатовиќ доби 29,2 отсто од гласовите.
Кандидатот на Демократскиот фронт Андрија Мандиќ освои 19,3 отсто од гласовите, а демократот Алекса Бечиќ 10,9 отсто од гласовите.
Пратеничката на Социјалдемократската партија Драгиња Вуксановиќ Станковиќ освои 3,2 отсто од преброените гласови.
Кандидатот на Обединета Црна Гора Горан Даниловиќ освои 1,4 отсто од гласовите на запишаните гласачи, додека инфлуенсерот Јован Радуловиќ доби 0,8 отсто од гласовите.
Од мнозинството поразени во првиот круг на изборите, само Андрија Мандиќ му даде отворена поддршка на кандидатот Милатовиќ веќе во неделата навечер и ги повика гласачите да гласаат за него на 2 април, кога ќе се одржи вториот круг од изборите. .