More

    Ветрови со јачина од 180 километри на час ѝ се закануваат на Норвешка

    spot_img

    Урагански ветови со брзина до 180 километри на час се очекуваат во Норевешка во текот на денешниот ден. Властите во Норвешка предупредија дека земјата би можела да биде погодена од најмоќното невреме „Ингун“ што зафати делови од Европа и ги повикаа луѓето да останат дома.

    Бурата, наречена „Ингун“ од норвешките метеоролози, се очекува да ја погоди централна Норвешка, а утре да се пресели на север.

    Авиокомпаниите и фериботите предвидуваат дека ќе има прекини во нивниот сообраќај.

    Властите објавија црвен аларм, највисоко ниво, за областа околу градот Трондхајм, како и островите Лофотен, северно долж брегот на Арктикот.

    Се очекува бурата да ја погоди истата област како и новогодишниот ураган од 1992 година, кој беше едно од најсилните бури во историјата на Норвешка, пренесува АП повикувајќи се на весникот VG.

    Вчера и Велика Британија беше погодена од невреме. Поаѓањето на возовите беше откажано поради налетите на ветерот со брзина од 100 милји на час (над 160 километри на час).

    Невремето донесе ветрови со брзина од 106 милји на час и во Шкотска.

    Метеоролошката канцеларија на Велика Британија издаде жолто предупредување за силни налети на ветер за делови од северна Англија, цела Шкотска и делови од Северна Ирска за денеска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img