Кинезите им порачаа на Американците да не пречат

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

САД цврсто стојат зад своите обврски кон Тајван и сојузниците во регионот, изјави делегацијата предводена од поранешниот началник на американскиот Генералштаб Мајк Мулен, испратена во Тајпеј од претседателот Џо Бајден.

„Соработката меѓу САД и Тајван е посилна и пообемна од кога било досега, рече Мулен за време на посетата на поранешните американски претставници од одбраната и безбедноста на островот.

Тој и рече на тајванската претседателка Каи Инг-Вен дека САД ќе продолжат да се спротивставуваат на какви било еднострани промени на „статус кво“ и ќе продолжат да го поддржуваат мирното решение во однос на прашањето за Тајванското Море.

Во меѓувреме, од кинеското Министерство за надворешни работи реагираа остро на оваа посета на американските дипломати, порачувајќи им на САД да не стојат на патот на мирното обединување на Кина и на Тајван.

Share This Article