Ријалити ѕвездата и модел Кендал Џенер често е фатена од папараците на пат кон теретана, а речиси секогаш покрај себе има познат пријател.
Кендал Џенер и оваа година е верна на своите здрави навики од кои не се откажува, бидејќи добрата форма многу и значи.
Папараците неодамна ја уловија среде Лос Анџелес, каде брзаше на пилатес, но на вежбата секако не отиде сама, овој пат беше придружувана и од нејзината добра пријателка.
Не е тајна дека Кендал е блиска пријателка на сопругата на Џастин Бибер, Хејли Бибер, со која одат на пилатес, а девојките обожаваат да купуваат заедно.
По завршувањето на пилатесот набрзина решија да одат заедно на шопинг, а им се придружија уште неколку пријатели и изгледаше дека насобраното друштво одлично се забавува.
Кендал пред малку изјави дека понекогаш и е тешко да најде мотив да оди во теретана, но кога е со пријателите, сè изгледа полесно и позабавно.
Но, веројатно е многу полесно да одите во теретана кога одите на шопинг веднаш по тренингот, бидејќи тогаш вашата мотивација е уште поголема кога знаете дека на крајот ве чека убава награда.
Девојките на крајот отидоа во винтиџ бутик и секоја од нив најде по неколку парчиња кои можат да ги носат оваа зима, а можеби и до пролет.
Не е тајна дека и двајцата се големи модничари, а ја сакаат и модерната мода и ретро и винтиџ парчињата, кои ги купуваат низ целиот свет.